„Политички мобинг – дел од Законот за мобинг“
Претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова, на 5 октомври 2022 година се обрати на Форумот „Политички мобинг – дел од Законот за мобинг“, во организација на ЛАГ Агро Лидер, а со поддршка на НДИ Македонија, во рамките на Проектот „Жените и мажите водат“.
Покрај Ристова, говорнички на Форумот беа претставнички од Министерството за труд и социјална политика, актуелни пратенички од Собранието и претставнички на локалната самоуправа.
Пратеничките говореа на неколку теми, а претседателката Ристова се обрати на сесијата „Жената во политиката и нејзиното влијание“.
Од страна на организаторите, беше презентирана законодавната иницијатива во поглед на Законот за мобинг, а претставничката од МТСП ги пренесе основите на Законот и ставовите на ресорното Министерство.
Претставниците од судската и адвокатската фела кои беа присутни на Форумот се осврнаа на националното законодавство и судските процеси на докажување на мобинг, за што беше заклучено дека првенствено за да докажете дали постои или не постои мобинг, треба да се утврди што не е мобинг.
Законот е во работна верзија и во тој правец се сите вакви дискусии во јавноста пред да влезе во собраниска процедура.