Полицаец заработи кривична пријава за примање поткуп од 1.500 денари

Четврток, 14 март 2013 – Полициски службеник од ПС Пробиштип заработи кривична пријава бидејќи  побарал и примил поткуп од вкупно 1.500 денари. 

Според полицијата, С.И. (39) во понеделникот на ул. „ЈНА“ во Пробиштип, при вршење службени дејствија, од две лица од Пробиштип и с.Спанчево, побарал и примил вкупно 1.500 денари, со цел да не им изрече казни за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај и Законот за возила.

Против С.И.  е поднесена кривична пријаза за сторено кривично дело „примање поткуп“ и му одреден куќен притвор во траење од 30 дена.

Ова е уште еден од низата вакви случаи последниве месеци.