/ Прочитано:

871

Полициска акција во Србија: Се апсат цариници, шпедитери и сопственици на фирми

Среда, 3 април 2013 – Во Србија во тек е полициска акција во која се апсат 14 лица за кои постои сомнение дека ја оштетиле државата за 2 милиони евра. По налог на Обвинителството за организиран криминал се приведуваат  цариници, шпедитери и сопственици на приватни фирми.

Осомничените во текот на минатата година направиле увоз на 94 контејнери со гардероба од Кина што на бродови стигнале до Риека, а од таму со камиони се превезени во Србија. Според првичните полициски сознанија, осомничените за да платат помала царина и данок направиле лажни документи наведувајќи дека пренесуваат овошје и мебел. Потоа, цариниците не ги проверувале камионите, а робата внесена со лажни документи завршувала ширум Србија.