/ Прочитано:

1.075

Полициска акција за недозволена трговија со икони и артефакти – МВР приведе 15-тина лица

Среда, 1 мај 2013 – Министерството за внатрешни работи спроведува голема акција против недозволена трговија со културно-историското наследство, при што се приведени 15-тина лица. Меѓу приведените две лица се вработени во Управата за заштита на културното богатство. Со повеќе информации МВР ќе излезе во текот на денот. 

Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава, но главно во Скопје и во Кавадарци.

Според првичните информации, во домовите на приведените пронајдени се поголем број артефакти и икони.