Полициски час од 24:00 часот, угостителските објекти да работат до 23:30 часот – Комисијата донесе повеќе олабавени мерки
„Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.
- Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24:00 часот до 5:00 часот наутро.
- Угостителските објекти да работат до 23:30 часот. Да се укине забраната за работа на фитнес-центрите и теретаните.
- Организирање настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
- Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
- Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење
Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април
Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите
Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци
Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците
Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април
МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната
Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот
М.В