/ Прочитано:

3.184

Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно

Полното работно време, се пропишува во Законот за работните односи, не смее да биде подолго од 40 часа неделно.

Работната недела по правило трае пет работни дена. Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.

Со закон или други прописи во согласност со закон, или со колективен договор може да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.

Ако полното работно време не е определено со закон или колективен договор, се смета како полно работно време работното време од 40 часа неделно.

Работодавачот е должен да води евиденција за полното работно време.

Работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една или повеќе локации е должен на секоја локација да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа.

Работодавачот кој има до 25 вработени е должен да води евидентен лист за присуство на работа на работниците со наведување на податоци за почетокот и завршетокот на работното време.

„Долгото работно време е причина за 745.000 смртни случаи од мозочен удар и исхемично срцево заболување во 2016 година, според процените на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) објавени денеска. СЗО и МОТ проценуваат дека во 2016 година 398.000 луѓе починале од мозочен удар и 347.000 од срцеви заболувања поради тоа што работеле најмалку 55 часа неделно. Помеѓу 2000 и 2016 година, бројот на смртни случаи од срцеви заболувања поради долго работно време се зголемил за 42 проценти, а од мозочен удар за 19 проценти.“

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

М.В