/ Прочитано:

1.007

Полска ќе стави вето на извештајот за Повелбата за основните права на ЕУ

Полската влада соопшти дека ќе стави вето на усвојувањето на годишниот извештај за Повелбата за основните права на Европската Унија бидејќи во него не се повикува на заштита на христијаните и Евреите од верска дискриминација.

Одлуката на полскиот министер за правда, Збигњев Жобро, да се спротивстави на најновиот извештај за спроведувањето на Повелбата за основните права на ЕУ значи дека тој нема да ги добие гласовите на земјите членки, што е услов за негово усвојување.

Ветото е дел од серијата спорови помеѓу актуелната конзервативна полска влада и лидерите на ЕУ за основните вредности.

Полскиот министер за правда рече дека тој се спротивставил на извештајот, бидејќи во него посебно ја нагласува потребата да се заштитат луѓето од ЛГБТ-заедницата, децата и жените мигранти, но не и христијаните и Евреите.

Европската комисија објавува годишни извештаи од 2010 година за тоа како се применува Повелбата за поддршка на правата и слободите.