/ Прочитано:

819

Пописот и заштитата на личните податоци

Државниот завод за статистика објавува информација во врска со заштита на личните податоци во рамки на пописот.

Како се заштитени податоците?

Личните податоци на лицата-единици на Пописот кои се прибираат и обработуваат со Пописот се доверливи податоци и се користат исклучиво за статистички цели во согласност со Законот за државната статистика и Законот за Попис.

Личните податоци добиени со Пописот подлежат на заштита согласно одредбите од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 г., Законот за државната статистика  и прописите од областа на заштита на личните податоци.

Сите учесници во Пописот се информираат за тајноста и доверливоста на податоците и соодветно на тоа се должни да вршат заштита на податоците, а во спротивно одговараат согласно со закон.

Како ќе се користат личните податоците?

Личните податоци што ќе се приберат со Пописот претставуваат строго доверливи податоци.

Обврските за заштита на личните податоци се однесуваат на сите лица што учествуваат во сите пописни активности врз каква и да е основа.

Личните податоци од Пописот не може да се користат за донесување какви било одлуки во однос на лицето на кое се однесуваат. Личните податоци ќе се користат само за статистички цели.

Во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, индивидуалните податоци прибрани со Пописот не може да се користат за воспоставување, водење и ажурирање на административните регистри.

Попишаните лица задолжително се информираат за заштитата на личните податоци добиени од Пописот.

Исто така, на почетната страница на апликацијата се наведува дека личните податоци што се прибираат со Пописот се доверливи, заштитени со закон.

Понатаму, лицата кои се овластени да учествуваат во спроведувањето на Пописот, како и вработените лица во Државниот завод за статистика, се должни сите лични податоци кои ќе ги добијат за целите на Пописот да ги чуваат како доверливи  за време и по завршувањето на Пописот и тие задолжително се информираат за обврската за чување на тајноста на податоците од Пописот.

За податоците од Пописот ќе се обезбедат организационо-технички мерки за заштита и сигурност од неовластено давање, користење и поврзување, како и уништување, губење или промена на податоците.

Организационо-техничките мерки за заштита на податоците од Пописот ги пропишува директорот на Државниот завод за статистика.

Исто така, начинот и рокот на чување на податоците од Пописот по завршувањето на нивната обработка ги пропишува директорот на Државниот завод за статистика.

Обработката и објавувањето на податоците од Пописот го врши Државниот завод за статистика според програма и со временска динамика,која ја донесува директот на Државниот завод за статистика.

Резултатите од собраните податоци за пописни цели ќе бидат публикувани  или подготвени за потребите на корисниците како збирни  податоци, ако се преземени сите мерки за обезбедување дека попишаните лица и домаќинствата не можат да се идентификуваат.

За субјектите на личните податоци

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година претставува најмасовна статистичка операција која се спроведува вообичаено на секои 10 години и притоа учествуваат повеќе од 6 000 учесници кои непосредно го реализираат пописот. Со пописот се прибираат податоци за населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Посебно значење во Пописот има фактот дека се прибираат поголем број лични податоци за граѓаните во Република Северна Македонија. Притоа се прибира податок за ЕМБГ за лицето, идентификациски податоци за него, адреса на живеење, завршено образование итн., но и повеќе податоци кои имаат специфичен карактер (етничка припадност, религиозно чувство на лицето, податоци за здравствената состојба итн.), за кои Законот за заштитата на личните податоци обезбедува посебна заштита.

Важно е да се знае дека податоците кои ќе се прибираат за лицата може да се користат единствено за статистички цели, односно дека тие не може да бидат достапни за никого како поединечни, ниту пак може да бидат основа за поведување соодветна постапка против лицето кое ги дава и не може да се користат како доказ за одредени факти пред одредени државни органи. Податоците што ќе бидат прибрани со Пописот ќе се чуваат не подолго од времето потребно за нивна обработка и објавување како збирни податоци.

Субјекти кои ќе учествуваат во Пописот ќе бидат овластените попишувачи, реонските и државните инструктори, реонските пописни комисии, но и други државни органи и институции чија надлежност е прецизно утврдена во наведениот закон.

Најважната улога во спроведувањето на Пописот ја имаат попишувачите, кои воедно ја имаат најголемата одговорност за законито прибирање на податоците од граѓаните. При спроведувањето на пописот ќе се користи комбинираниот метод, што значи дека податоците за лицето ќе бидат преземени од државните административни регистри (наведени во Законот), а дел од податоците кои недостасуваат ќе бидат прибрани од попишаното лице и ќе бидат внесени од попишувачот во пописната апликација на лаптопот со кој ракува тој.

За да може да попишува, попишувачот мора да има овластување издадено од Државниот завод за статистика со кое ќе биде овластен да прибира податоци, да ги коригира и проверува.  Исто така, попишувачот треба претходно да потпише и изјава за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци кои ги прибира, со која се обрзува дека податоците кои ќе ги прибере или дознае во текот на попишувањето ќе ги третира како доверливи, односно нема да ги преправа, да ги дава на трети лица или да ги коментира со некое неовластено лице.

Заради законитост на целата постапка, попишувачот пред попишувањето е должен да го презентира овластувањето и да ги запознае лицата субјекти на попишувањето со правилата за тајност на податоците кои му се достапни при Пописот.

Важно е да се знае дека откако попишувачот ќе ги внесе и ќе ги провери податоците во лаптопот, , тие со команда на попишувачот се доставуваат до серверите во сопственост на ДЗС и попишувачот веќе нема да има можност да ги гледа или да ги коригира. Пред да ги испрати податоците до ДЗС, попишувачот е должен да му обезбеди увид во податоците на попишаното лице. Суштествено е да се знае дека податоците кои се доставуваат до ДЗС ќе бидат криптирани, односно нема да бидат видливи за трети лица, односно за неовластени лица. Компјутерот на секој попишувач е исто така заштитен со соодветно корисничко име и лозинка што ги знаат само попишувачот и овластениот администратор во Државниот завод за статистика.

Во Пописот важна улога имаат и реонските инструктори. Реонските инструктори непосредно го следат попишувањето и им даваат инструкции на попишувачите кои попишуваат. Тие исто така мора да имаат овластување издадено од ДЗС. Нивното овластување е ограничено, односно тие не може да внесуваат податоци или да коригираат податоци внесени од страна на попишувачите. Тие може само да ги гледаат податоците одредено време и на попишувачите да им укажат за одредени неправилности при попишувањето.

На врвот од хиерархијата на непосредните учесници во Пописот се државните инструктори. Државните инструктори се вработени лица во ДЗС кои имаат овластување да ја контролрираат работата на попишувачите и на реонските инструктори и да даваат инструкции за попишување. Тие исто така не може да внесуваат, ниту пак да коригираат податоци внесени од страна на попишувачите. Тие единствено може да ги гледаат податоците одредено време.

Во Пописот учествуваат и членови на комисиите на пописните реони (вкупно 50) кои се формирани на територијата на Република Северна Македонија. Од аспект на достапноста до личните податоци и обврската за нивната заштита, реонските комисии немат никаква улога бидејќи, согласно со новата концепција на Законот за Попис, тие на попишувачите, на реонските и на државните инструктори им даваат само логистичка помош за успешно спроведување на Пописот.

Законот е доста ригиден во однос на евентуалната злоупотреба на личните податоци при нивниот внес, како што се преправањето, уништувањето или друг вид злоупотреба. За лицата даватели на податоци е предвидена кривична санкција казна затвор од најмалку 3 години, додека за попишувачите и инструкторите или некое друго службено лице казната е најмалку 5 години затвор.

Прашањата за заштитата на податоците од Пописот ќе бидат уредени со Правилник за формите,техниката и начинот на обезбедување и заштита на личните податоци од Пописот.

Исто така е потребно да се знае дека сите лица кои ќе бидат попишани се должни да им дадат точни податоци на попишувачите. Ако лицето одбие да даде податоци, предвидена е прекршочна санција, односно глоба во износ од 200 до 300 евра.

Ковид-протокол за превентивни мерки при спроведување на пописот

Апасиев најави организирање на адвокати за бесплатна правна помош и битка во Стразбур во врска со пописот

Владата: Бојкотот на пописот е кривично дело „Организирање отпор“

Прекршочна постапка и казни до 300 евра за оние што ќе одбијат да се попишат, најавуваат од Владата

„Се забранува пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот“

Соопштение од Владата за пописот на дијаспората

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Одредбите од Законот за попис за тоа кои лица ќе се опфатат со пописот

Законот за попис на собраниска седница

Предлог-законот за попис пред Законодавно-правната комисија

Глобите и кривичното дело во Предлог-законот за попис

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В