/ Прочитано:

1.175

Поплава ги одложи судењата во Основниот суд Скопје 2

Четврток, 20 јуни 2013 –  Поголема поплава предизвикана од пукање на цевка денеска ги одложи судењата во Граѓанскиот суд, јави Канал 5.

За да не настане поголема штета целосно била исклучена електричната енергија.

Дефектот бил саниран струјата не била вкчучена и денеска за целосно да се исуши намокрената инсталација.

Некои од адвокатите и граѓаните кои доаѓаа на закажаните рочишта се качуваа во темните судници за  да добијат нови датуми за судење други што дојдоа подоцна беа враќани уште на влезот на судот, пренесува Канал 5.