/ Прочитано:

1.102

Поради голем интерес, Академик закажува нов датум за обука за канцелариско работење

Поради големиот интерес, Академик закажува нов датум за обука на тема „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“. Обуката ќе се одржи на 5.3.2020 година (четврток). На обуката ќе предаваат виши управни инспектори од Државниот управен инспекторат.

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

На обуката поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:

  • Законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
  • Процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
  • Водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
  • Евиденција и пополнување на печати и штембили;
  • Класифицирање на документите по архивски знаци;
  • Заштита на документацијата од оштетување и уништување;
  • Попис и опис на архивскиот материјал;
  • Одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
  • Постапка за уништување на документарниот материјал.

Агенда:

Правна рамка за канцелариско и архивско работење

  • Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;
  • Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);
  • Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник

  • Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;
  • Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
  • Разведување на документи/записи во деловодникот;
  • Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
  • Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
  • Евиденција и употреба на печати и штембили;
  • Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
  • Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
  • Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Постапување со архивски и документарен материјал

  • План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
  • Одбирање  на  архивскиот од  документарниот материјал;
  • Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
  • Категоризација на архивскиот материјал;
  • Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
  • Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
  • Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
  • Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив.

Практични примери и вежби

 

 

 

Време и место на одржување на обуката: 5.3.2020 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Февруари во Академик

По повод месецот на љубовта, сите вљубеници во правото добиваат 20% попуст за купени 2 производи од пoнудата на Академик (правна литература, правни обуки, претплата на akademika.com.mk).

Редовната цена за учество на обука за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.