/ Прочитано:

1.233

Поради големиот интерес, Академик ќе одржи уште една обука за новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

На 25 октомври 2018 година (четврток) Академик ќе одржи еднодневна обука на тема: „Практична примена на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам  –  обврски и одговорности на субјектите“.

Предавач на обуката ќе биде Ивица Симоновски, финансиски разузнавач во Управата за финансиско разузнавање.

Ова е втора обука на Академик посветена на оваа тема, која се организира поради огромниот интерес на учесниците кои на претходната обука беа преку педесет на број.

Обуката е наменета за претставници од банки, штедилници, менувачници, друштва за осигурување, брокери и брокерски друштва и други финансиски институции и нивни подружници; за сите правни и физички лица кои вршат услуги за посредување во промет со недвижности, ревизорски и сметководствени услуги, давање совети од областа на даноците, давање на услуги како инвестиционен советник, услуги за организирање и спроведување на аукции; за заложувалници; за нотари; за адвокати и адвокатски друштва; за приредувачи на игри на среќа; за даватели на услуги на трустови или правни лица; за Централниот депозитар за хартии од вредност и за сите други субјекти кои во согласност со Законот имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

На 7 јули 2018 година стапи во сила новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Со Законот се предвидуваат бројни мерки, дејствија и постапки кои субјектите и надлежните органи се должни да ги преземаат, а за чие неспроведување се предвидени сериозни прекршочни одредби.

Обуката што ја организира Академик ќе овозможи детално толкување на зборот на Законот и подготовка на субјектите за негова практична примена. Преку анализа на реални ситуации и примери од практиката, учесниците на обуката  ќе се стекнат со знаења и искуства пренесени од врвен експерт од областа.

Агенда:

МЕРКИ И ДЕЈСТВИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ И СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ

  • Обврска за изготвување процена на ризик во согласност со националната процена на ризик;
  • Препознавање и примена на соодветни индикатори за определување на фактори на ризик;
  • Содржина и значење на Програмата за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам;
  • Случаи во кои субјектите се должни да ја донесат Програмата, рокови за нејзино донесување и доставување и каде треба да биде доставена.

 АНАЛИЗА НА КЛИЕНТОТ

  • Случаи на спроведување анализа и нивни исклучоци;
  • Чекори и мерки на анализата, со практични примери и ситуации;
  • Времетраење на важноста на спроведената анализа;
  • Посебности при идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик;
  • Мерки за анализа при повеќестран деловен однос и други сложени и невообичаени трансакции;
  • Специфики, забрани и дополнителни мерки за анализа на клиентот кај менувачкото работење, кај приредувачите на игри на среќа и кај брокерските куќи.

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ

  • Користење, располагање, чување и доставување на собраните информации до Управата за финансиско разузнавање;
  • Обврска за именување на овластено лице и формирање на оддел за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
  • Случаи за следење на деловен однос и определување на привремени мерки;
  • Практични примери и специфични ситуации за препознавање на сомнителни активности и трансакции.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани за обуката можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.