/ Прочитано:

1.136

Поради отсуство на дел од адвокатите рочиштето за „Ровер“ повторно одложено

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелациониот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

????????????????????????????????????

Поради отсуство на тројца адвокати во случајот „Ровер“, судијата Илија Трпков, кој го води предметот, и денеска го одложи закажаното рочиште.

Третото повторено судење за случајот „Ровер“се одложува неколку месеци. На последното рочиште беше отсутен обвинетиот Зоран Трајковски, – а Сашо Јовановски  на другите закажани рочиштата.

Од затворот „Идризово“ и денеска беше спроведен поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој е обвинет во случајот и кој има уште еден месец од издржувањето на петгодишната казна затвор за случајот „Кампања“.

Следното рочиште за предметот „Ровер“ е закажано за 4 јули.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелациониот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

Со пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и 6 месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби 8 години и шест месеци, по 7 години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по 5 години и 6 месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Обвинетите се товарат за убиствата на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случија во Скопје, во јули 2001 година.

М. С.