/ Прочитано:

1.261

Поради реорганизирање на МВР ќе се дополнуваат законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика и Министерството за информатичко општество и администрација подготвуваат измени на Законот за работните односи, измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и измени на Законот за вработените во јавниот сектор.

„Поради реорганизирање на Министерството за внатрешни работи и формирање на Агенција за внатрешно разузнавање, чии работници вршат посебни должности и овластувања согласно посебен Закон, се наметна потребата исклучокот да се однесува и на работниците од наведената Агенција. Од наведените причини потребно е да се измени и дополни Законот за работните односи“, образложуваат од МТСП.

Во таа насока, со законските измени се дава можност покрај за работниците во Министерството за внатрешни работи, прекувремената работа да трае подолго од 190 часа поради вршење на итни и неодложни работи, по претходно дадена писмена согласност на работникот, и за работниците од Агенцијата за внатрешно разузнавање.

Цел на законските измени, додаваат од МТСП, е и хармонизација на домашното законодавство во однос на неопходната потреба за реорганизација на Министерството за внатрешни работи и формирање на Агенција за внатрешно разузнавање.

М.В