/ Прочитано:

1.002

Поранешен премиер на Србија отфрла каква било поврзаност со „Агробанка“

Четврток, 16 август 2012 – Поранешниот премиер на Србија, Мирко Цветковиќ, ги отфрлил обвинувањата дека е замешан во аферата „Агробанка“. За српските медиуми вели дека сработил голема работа за да ја спаси банката од пропаст. Цветковиќ се оградува, пријателството со челниците во банката е причината за медиумската хајка. 

Мирко Цветковиќ-Поранешен премиер на Република Србија

Неофицијално, се проширува кругот на инволвирани во аферата „Агробанка“, што последниве денови ја бранува српската јавност. Откако дел од српските медиуми објавија евентуална вмешаност и на поранешниот премиер, денеска преку медиумите Цветковиќ обвинува за хајка против него.

„Имајќи во предвид дека сите ние сакаме да биде демократска држава, во овој контекст, имам три жалби. Барам интелектуалците и невладини организации да се изјаснат против таквото однесување дека сум првообвинет во случајот „Агробанка“, вели Цветковиќ.

Поранешниот премиер апелира до извршната власт, дека не смее да дозволи не поради него како поединец туку поради институцијата што ја претставува, без аргументи да се води хајка против него. Им порачува и на инспираторите на хајката дека треба да се занимаваат со работата за која рекле дека добро ќе ја завршат, а не со деструкции.

Цветковиќ објаснува дека проблемот со „Агробанка“ е сериозен и не датира од скоро време. Минатиот септември Народната банка на Србија (НБС)  преку контроли ги открила малверзациите и измамите во банката. Тој веднаш се фатил за работа и наредните 6 месеци направил се што може за да се спасат депонентите и клиентите на банката бидејќи имало закани од сериозно нарушување на финансиските текови. Кога излегле на виделина проблемите на „Агробaнка“, НБС, Агенцијата за осигурување на депозити, Министерството за финансии реагирале брзо и во рок од 3 месеци донеле принудни мерки. Според него, трите иституции се за пофалба бидеји направиле се што можат за да ја извадат банката од катастрофалната состојба.

Хајката е поради пријателството меѓу Цветковиќ и Никезиќ

Премиерот објаснува дека хајката е бидејќи тој е пријател со Звонимир Никезиќ кој бил член на одборот на „Агробанка“, но самиот си дал оставка. Цветковиќ преку медиумите изразува желба на истражните органи да им ги разјасни сите контроверзии за неговата поврзаност со банката. Тој не го негира долгогодишното пријателство со членот на одборот, но појаснува дека не постои пропис што забранува пријателство без разлика на другите околности.