Јосифовски поддржан од страна Комисијата за избори и именувања, предлогот за негово именување за уставен судија оди во Собрание
Вторник, 11 дeкември 2012 – Поранешниот член на Државната изборна комисија и правник Јован Јосифовски е предложен за нов уставен судија. Предлогот попладнево беше изгласан на седницата на Комисијата за избори и именувања која ќе го достави до Собранието.
СДМС не го поддржа предлогот, кој доаѓа по иницијатива на претседателот на ова собраниско тело, Илија Димовски, бидејќи спред опозицискиот блок, Јосифовски е партиски човек. Оттаму, сметаат дека Јосифовски нема да биде независен кандидат и нема да донесува одлуки по сопствено наоѓање.
– Јосифовски не е член на ВМРО-ДПМНЕ, ниту бил член на партијата. Тој е истакнат правник со долгогодишно искуство, истакна Димовски бранејќи го предлогот Јoсифовски да биде новиот судија на Уставниот суд на Република Македонија. Јован Јосифовски треба да стане член на Уставниот суд на местото на Вера Маркова, чиј мандат истекува во јануари следната година. На денешната седница на Комисијата меѓудругото треба да биде утврдена и Предлог одлуката за избор на Народен правобранител на Република Македонија, каде повторно е номиниран актуелниот, Иџет Мемети.