/ Прочитано:

1.189

Посебен сообраќаен режим за возила и за пешаци околу фудбалската „Телеком арена“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради одигрувањето на Суперкупот на УЕФА (закажан за 8.8.2017 на фудбалскиот стадион – „Телеком арена“ во Градскиот парк во Скопје) од денес (7.8.2017) ќе биде воведен посебен сообраќаен режим за возила и за пешаци за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Притоа, од утре во 8 часот, па сè до завршување на натпреварот, односно до 9.8.2017 на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“)  и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот –  УЕФА.

Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.