/ Прочитано:

1.265

Посебен закон за Уставниот суд – тема на средбата меѓу Мурати и Жбогар

Уставниот суд објави соопштение во врска со средбата на претседателот на Судот, Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

„На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, и амбасадорот на Европската Унија,  Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, предмет на разговор беа теми што се однесуваат на функционирањето на Судот како независен и самостоен орган на Републиката, кој ја штити уставноста и законитоста.

Во таа насока, беше истакната потребата од донесување на соодветна правна рамка, што би значело гарантирање и остварување на институционалната, буџетската и административната самостојност на Судот, како и унапредување на статусот на уставните судии, како едни од предусловите за зацврстување на нивната независност.

Покрај ова, беше потенцирана потребата од натамошно унапредување на улогата на Уставниот суд, како заштитник на слободите и правата на човекот и граѓанинот, преку проширување на опсегот на уставносудска заштита на сите уставно предвидени слободи и права со воведување на нов инструмент – уставна тужба.

Како можно решение беше посочено донесувањето на посебен закон за Уставниот суд, со кој би биле опфатени сите овие прашања.

Од страна на амбасадорот на ЕУ беше искажана поддршка во напорите за унапредување на статусот на Судот, како еден од столбовите на владеењето на правото и заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот“, соопштуваат од Судот.

Жбогар: Ветингот во судството е последната опција

М.В