/ Прочитано:

1.324

Посебен Закон за вонредна состојба подготвува Министерството за правда

Пандемијата предизвикана од ковид -19 вирусот во текот на 2020 година предизвика Република Северна Македонија да се соочи со потребата од прогласување на вонредна состојба, велат од Министерството за правда.

„Одредбите со кои е уредена вонредната состојба се содржани во Уставот на РСМ, во Глава VII насловена како ‚‚Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба‘‘ поточно од членот 125 до 128. Вонредната состојба се споменува и во членовите 21 и 54 од Уставот на РСМ кои ги уредуваат правото на мирно собирање и изразување јавен протест и слободата на движење и можноста за нивно ограничување во време на вонредната состојба, како и во членот 63 став 4 од Уставот на РСМ. Од причина што мал број на уставни и законски одредби се единствените кои ја регулираат вонредната состојба, се јави потреба од изготвување на посебен Закон за вонредна состојба, во кој детално ќе биде уредена оваа материја“, посочуваат од Министерството.

Со донесувањето на Законот за вонредна состојба, образложуваат од Министерството, првенствено ќе се направи јасна дистинкција помеѓу вонредната и останатите состојби (воена, кризна и други). Со овој предлог на закон ќе се уредуваат постапката за утврдување на постоење на вонредната состојба, надлежностите, правата и обврските на органите на државната власт и локалната самоуправа за време на вонредната состојба, како и начинот на управување со вонредната состојба и надлежноста за донесување на уредби со законска сила.

Што претставува кризната состојба

Кои се разликите помеѓу вонредна и кризна состојба

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена заради зголемената појава на пожари

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

М.В