Постапката за примена на Законот за амнестија за лицата против кои е во тек кривична постапка
Со Законот за амнестија се предвидува и се уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените кривични постапки, ослободување од извршување на условна осуда и ослободување од издржување на казната затвор на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.
Постапката за примена на Законот за амнестија за лицата против кои е во тек кривична постапка се поведува по барање на осомниченото, обвинетото и осуденото лице.
„Барањето се поднесува во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од пет дена по приемот на барањето, доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител“, се пропишува во Законот за амнестија.
Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени, а кои не отпочнале со издржување на казната затвор, се пропишува понатаму во Законот, по службена должност ја поведува надлежниот првостепен суд што ја донел пресудата, по барање на надлежниот јавен обвинител, по барање на осуденото лице, или лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.
Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени и се на издржување на казната затвор по службена должност ја поведува казнено- поправната установа во која осуденото лице ја издржува казната затвор.
Решението за амнестија, според одредбите од овој закон, го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет дена од денот на приемот на барањето.
Против овие решенијата жалба можат да поднесат лицата на кои се однесува амнестијата и лицата кои во нивна корист можат да изјават жалба во рок од три дена.
По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува непосредно повисокиот суд, во рок од три дена.
Доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.
Пратениците го изгласаа Законот за амнестија
Официјално објавен Предлог-законот за амнестија, во кој и интеграцијата во НАТО е наведена како цел
Предлог-законот за амнестија за 27 април не доби поддршка од мнозинството пратеници
Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април на собраниска седница
МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“
Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието на РМ
Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење
Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права
Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април
Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни
Обвиненија за настаните во Собранието
М.В