Постапката за вториот круг на претседателските избори
Според членот 81 од Уставот, ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.
За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите (АМАНДМАН XXXI).
Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Официјални податоци на ДИК за првиот круг на претседателските избори
М.В