/ Прочитано:

1.009

Постхумано, Русија го отвора судењето за Сергеј Магницки

Понеделник, 28 јануари 2013 – Рускиот адвокат Сергеј Магницки кој обвини за мултимилионска измама од страна на државните власти, а потоа на контроверзен начин почина зад решетки во 2009 година, постхумано е обвинет, а почна и судскиот процес против него. 

Магнички имаше 37 години кога почина по 358 денови поминати во притвор каде како што тврдеше не му била укажана лекарска помош

Рускиот суд почна процес за измама против Сергеј Магницки, адвокатот кој почина во 2009 година додека беше зад решетки откако ја обвини власта за даночна измама вредна неколку милиони американски долари. Судскиот процес требаше да почне пред еден месец, но од причина што адвокатите на семејството на Магницки одбија да соработуваат со судот образложувајќи дека е нелегално да му се суди на починато лице, судијата го одложи истиот. 

Откако правните застапници на Магницки не се појавиле во судницата, судијата наредил за наредното рочиште закажано за 18 февруари адвокатската комора да именува адвокати кои ќе бидат одбрана на Магницки.

Не само дел од адвокатите туку и семејството на Магницки одбива учество во процесот нагласувајќи дека судскиот процес е политички мотивиран.

,,Мислам дека е нехумано да му се суди на починат човек. Ова не е судски процес, туку измама, и затоа не учествуваме“ изјавила мајката на Магницки.

Случајот Сергеј Магницки

37-годишниот Сергеј Магницки кој работеше за московската адвокатска фирма „Фаерстоун – Данкан“ и го застапуваше претставништвото на лондонскиот инвестиционен фонд „Ермитаж Капитал“ во Русија почина на 16. ноември 2009 година во истражен затвор, на 358-от ден, односно една недела пред истекот на законскиот максимален рок за притвор пред стартот на судењето. Според официјалниот медицински извештај, причината за смртта е откажување на работата на срцето. Московскиот Хелсиншки комитет излезе со друга верзија според кој причината за смртта на Магницки настапила како резултат на тепање и измачување од страна на неколку офицери на руското Министерство за внатрешни работи.

Магницки се најде зад решетки 2008 година,  обвинет беше за даночно затајување и измама во износ од 230 милиони долари. Одредени руски невладини организации тврдат дека Магницки се согласил наводно да ја открие целата мрежа на корупција што ги поврзува одредени банкари вработени во даночни служби и некои високи државни функционери.