/ Прочитано:

1.058

Постојаното стручно усовршување – обврска за адвокатите

Адвокатот има обврска постојано стручно да се усовршува за време на траењето на адвокатската дејност, се пропишува во новиот Предлог-закон за адвокатурата, во делот посветен на правата и должностите на адвокатите.

„Адвокатот е слободен, самостоен и независен во својата работа и во рамките на законот, актите на Адвокатската комора и овластувањето самостојно одлучува за начинот на застапување на правата и интересите на странката.

Адвокатот е должен редовно да и уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора од денот на упис во Именикот на адвокатите.

Адвокатот има обврска постојано стручно да се усовршува за време на траењето на адвокатската дејност преку задолжителна континуирана едукација со обуки, семинари, работилници и друго.

Континуираната едукација се врши преку Центарот за едукација на Адвокатската комора“, се пропишува во новиот Предлог-закон за адвокатурата.

„Адвокатот може да врши јавна функција или јавна служба доколку за вршење на истата не заснова работен однос“

Условот за запишување на судии, обвинители, функционери, извршители и нотари во Именикот на адвокати

Објавен текстот на Предлог-законот за адвокатурата

Измени на Законот за адвокатурата за јакнење на адвокатската професија

Законски измени на Законот за адвокатурата за воведување континуирана обука за адвокатите

М.В