Потпишан договор за отворање на граничниот премин Белановце-Станиќ
Понеделник, 24 јуни 2013 – Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзинот косовски колега Бајрам Реџепи на граничниот премин Глобочица на косовска страна потпишаа меѓудржавна Спогодба со која се предвидува отворање на нов меѓународен граничен премин Белановце-Станиќ што од македонска страна се наоѓа во Кумановскиот регион.
„Овој договор за отворање на нов меѓународен граничен премин најмногу ќе им биде од корист на граѓаните на двете држави од пограничните области, но и од целата територија и ќе придонесе за поголема мобилност и поголема размена во делот на економијата и секојдневниот живот на граѓаните“ рече министерката Јанкулоска по потпишувањето на договорот.
Косовскиот министер Реџепи истакна дека Глобочица е одбрана за потпишување на договорот за отворање нов граничен премин поради инфраструктурата. Според него, слободното движење ќе има и економска компонетата за развојот на местата од двете страни на границата.