/ Прочитано:

1.613

Потпишан Кодексот за фер и демократски избори

„Согласно Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, Државната изборна комисија продолжи со изборните активности и денес, 18 јуни 2020 година, (четврток), во седиштето на Комисијата, претставниците на подносителите на листи кои ќе учествуваат на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, кој се обврзаа активно да го почитуваат.

Учесниците во изборниот процес се обврзаа да ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите и почитување на владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите, со цел зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и придонес во градење на довербата во изборниот процес.

Исто така, согласно новонастаната состојба со коронавирусот, учесниците во изборниот процес се обврзаа дека ќе ги почитуваат мерките за заштита на граѓаните, во секоја фаза од изборниот процес“, соопштуваат од  ДИК.

Донесена е Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници

М.В