/ Прочитано:

1.056

Потпишан регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг

Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан денеска на Дигиталниот самит во Белград го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг. На овој начин заклучоците од Дигиталниот самит во Скопје континуирано се реализираат.

Потписниците на Договорот се согласни дека е неопходно дополнително да се намалат цените за роаминг услугите за целосно покривање на сите крајни корисници во регионот на Западен Балкан.

Тоа значи дека максималните малопродажни надоместоци за роаминг услугите во регионот на Западен Балкан ќе бидат доведени до нивото на цени во согласност со правилото „како дома“, односно соодветно на правилата за „роаминг како дома“, кои се применуваат во Европската Унија, не подоцна од 1 јули  2021 година. Државите се обврзаа да ги преземат сите потребни подготвителни чекори.

Со Договорот се предвидува да се воведе преоден режим за роаминг услугите почнувајќи од 1 јули 2019 година.

М.В