/ Прочитано:

888

Потпишани договори со државни институции кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците

Министерот за правда, Никола Тупанчески, потпиша осум договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.

„Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност“, рече министерот Тупанчески.

Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.
-ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките.

Верувам дека овој чекор,за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем, додаде министерот.

Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство.

Владата на Република Северна Македонија минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

Онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем

МП: Наскоро и дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција

Издавање потврда од казнена евиденција за физички лица преку Националниот портал за е-Услуги

Целосна дигитализација на 200 судници и 34 судови

Дигитализација на судството – зголемување на ефикасноста и пристапот до правда

Дигитален идентитет за странките и адвокатите – дел од активностите за дигитализација на судството

Маричиќ во Турција за дигитализацијата на македонските судови

И Хан информиран дека ќе се дигитализираат 100 судници во земјата

Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В