Потребни се законски измени за поттикнување за донирање на вишокот храна

На денешната седница, Постојаната  анкетна комисија за заштита  на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на Република Северна Македонија, едногласно ги усвои заклучоците од јавната расправа на тема: „Храната како основно човеково право“, одржана на 19 јули 2018 година, информираат од Собранието.

Заклучоците на Постојаната  анкетна комисија за заштита  на слободите и правата на граѓанинот на Собранието:

Ѝ укажува на Владата на Република Северна Македонија да формира работна група за изработка на законски измени за поттикнување на донирањето на вишок храна;

Да започнат подготовките за законски измени за поттикнување на донирањето на вишок храна;

Да се формира интерпарламентарна група за следење на политиките за донирање на вишок храна;

Со содржината на овие заклучоци да се запознае Владата на Република Северна Македонија и истите да бидат објавени на веб-страницата на Собранието на Република Северна Македонија.

На јавната расправа за храната како основно човеково право беше потенцирано дека проблемот е глобален и алармантен, а дека статистичките податоци се загрижувачки. На светско ниво, една третина од произведената храна или околу 1,3 милијарди тони, завршува во отпад, а Македонија, и покрај својата специфична социјална и економска ситуација, според бројот на жители е рангирана на поразителното осмо место. Во Универзалната декларација за човекови права, меѓу другото, стои дека секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи ја и храната.

Потребни се промени на законодавството за редистрибуција на храната

Трибина за регулативата за генетски модифицираната храна

Ќе се зголемува свеста на младите за одржливиот развој и за вишокот безбедна храна што може да се реупотреби

ЗАКОН КОЈ ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА СИРОМАШНИТЕ И ГЛАДНИТЕ: Во подготовка Закон за нефрлање храна

М.В