/ Прочитано:

476

Потврда за примена вакцина, потврда за прележан ковид или ПЦР негативен тест за вработените во јавниот сектор

Комисијата за заразни болести едногласно одлучи на Владата да ѝ предложи мерки кои значат сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, како и во сите владини институции, за влегување на работно место да мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина, или потврда за прележан ковид-19 не постара од 45 дена од денот на оздравувањето, или ПЦР негативен тест не постар од 72 часа направен на сопствен трошок, или пак потврда од лекар – специјалист дека не смеат да примат вакцина, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За лицата со ретки болести кои не смеат да примат вакцина, додаде министерот, ќе биде изготвена листа на конкретни болести наменета за лекарите – специјалисти кои ќе издаваат такви потврди. Исто така, Комисијата препорачува, со вакви мерки кон вработените, да се приклучат и приватните компании и фирми.

За влез во објекти потребен е сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид

Соопштение за рестриктивните мерки

Измени на ковид протоколите за работата на угостителските објекти

Соопштение за дополнувањето на рестриктивните мерки

Измените и дополнувањата на новите рестриктивни мерки

За влез во трговски центри кои се затворени задолжително треба да се покаже сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19

Најновите рестриктивни мерки, протоколи и препораки

Новите заклучоци на Главниот кризен штаб во врска со рестриктивните мерки

Новите мерки на Владата за превенција и заштита од коронавирусот основа за дискриминација во остварување на човековите права и слободи

Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки

М.В

М.В