/ Прочитано:

908

Потврдена казната од милијарда евра за Интел

Петок, 13 јуни 2014 – Вториот највисок суд на ЕУ вчера ја потврди одлуката на Европската Комисија со која американскиот производител на компјутерски чипови Интел беше казнет со 1,06 милијарди евра поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.

Интел е казнет за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на процесори и намерата од пазарот да се истисне единствениот сериозен конкурент АМД. 

Наводите на Комисијата во врска се однесуваат на периодот од 2002. да 2007 година кога  Интел беше доминантен на пазарот со удел од околу 70 проценти, поради што на конкурентите им беше многу тешко да влезат на пазарот.

Со таква доминантна позиција, Интел им одбруваше попусти на најзначајните производители Дел, Леново, ХП и Нец – под услов тие исклучиво од оваа компанија да ги купуваат процесорите x86 CPU, а слични повластувања им се давани и на други комапнии што претставува кршење на анти-монополските прописи на Европската унија.

Со ова, според оценката на Судот е намален изборот на потрошувачите, како и потикнување на иновациите. 

Станува збор за најголемата казна што Европската комисија ја одредила за кршење на правилата за пазарна конкуренција.

„Генералниот суд смета дека ниту еден од аргументите наведени од страна на Интел не го поддржува заклучокот дека глобата е несразмерна. Напротив, паричната казна е соодветна во однос на фактите на случајот“, изјавија судиите, пренесува Ројтерс.

Интел кој може дополнително да преиспита одлуката пред Европскиот суд на правдата, одби да каже дали ќе го стори тоа.

„Ние сме многу разочарани од одлуката. Се работи за  комплексен случај, па ќе започнеме со оценување на одлуката“, рече портпаролот на Интел Софи Џејкобс.