/Прочитано:

104

Поведена постапка против учесници на протест во Скопје кои не ги почитувале здравствените прописи

„Обвинетите, на 31 мај, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест COVID-19.  Имено, иако со одлука на Владата било забрането групирање на повеќе од  5 лица на јавни површини, тие се собрале на булеварот „Илинден“ во близина на зградата на Владата, каде учествувале на јавен собир под мотото „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“.  Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена контрола на местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од Обвинителството.