/ Прочитано:

1.205

Поведена постапка за двајцата насилници од Штип

„Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавени видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.

Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично-правниот настан преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица.

Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата“, соопштуваат од Обвинителството.

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, и МВР ја информира јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и тие се лишени од слобода.

„Станува збор за С.А и П.Р.  За конкретниот настан и преземените мерки известени се основното јавно обвинителство и надлежниот центар за социјални работи. Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот“, соопштуваат од МВР.

М.В