Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабовидните лица
Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот сојуз на слепите, организираше тркалезна маса на која со претставници на здруженијата на слепи и слабовидни лица од повеќе градови од Република Македонија беа споделени информативните материјали за Собранието испишани со Брајово писмо.
Дополнително, материјалите беа изработени во аудиоформат и објавени на веб-страницата на Собранието http://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut.nspx.
На ваков начин, Собранието придонесува кон промовирање на култура на отвореност на законодавната власт и вклучување на сите категории граѓани и здруженија.