/ Прочитано:

958

Повеќе од 38 илјади граѓани сè уште си ги немаат подигнато личните карти, велат од ДИК

Утре ќе биде објавен Избирачкиот список за претстојните парламентарни избори. Како што информираше денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на списокот ќе има 1.817.028 избирачи. Дерковски изрази загриженост за огромниот број неподигнати лични карти од подрачните одделенија на МВР.

„Бројката е сериозна. Над 38.000 лица немаат подигнато лични карти, а тие им се изработени. Нема да можат да гласаат доколку не ги подигнат“, рече Дерковски, кој потсети дека во согласност со новите законски решенија на изборите ќе може да гласаат и лицата кои на тој датум навршуваат 18 години.

Претстојните парламентарни избори треба да се одржат на 12 април годинава.