Повеќе од 7 илјади трговци поединци и трговски друштва на последната листа за бришење од Централниот регистар
„Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница. Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесување предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, а Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница“, се наведува во соопштението на ЦРМ.
Повеќе од 7 илјади трговци поединци и трговски друштва се наоѓаат на последната листа за бришење што ја води Централниот регистар на Република Македонија.
Од ЦРМ ги повикуваат законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, за застапување и за надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение, да поднесат предлог за стечај, во согласност со Законот за стечај, или предлог за ликвидација, во согласност со Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.
„Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница. Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесување предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, а Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница“, се наведува во соопштението на ЦРМ.
Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со членот 552-а од Законот за трговските друштва, објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење во согласност со членот 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2015 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2014 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, во согласност со членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб-страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање во согласност со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/не го уплатиле основачкиот влог.
Оваа објава важи до 29 јануари 2017 година.