/ Прочитано:

1.160

Повеќе предлог-закони и законски измени на собраниска седница

На дневен ред на денешната собраниска седница се повеќе измени и дополнувања на закони.

Меѓу предложените законски решенија се Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во државава, како и измените на Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, Законот за приватните агенции за вработување.

На дневен ред се и предлог-законите за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување и по Договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, и двата по скратена постапка.

Пред пратениците се и Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлог-законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле, потоа Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух, поднесена од група пратеници од опозицијата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните.