/ Прочитано:

884

Повеќе предлог-закони на собраниска седница

Дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство, Предлог- законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп и дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се на дневен ред на денешната собраниска седница. Предложените закони се во фаза на второ читање.

Во фаза на второ читање се и дополнетиот Предлог-закон за Инспекторат за употреба на јазиците, како и дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија.

Предлог-законот за класифицирани информации е во фаза на прво читање, додека пак Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Технолошко-технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола е предложен по скратена постапка.

M.В