/ Прочитано:

1.335

Повеќе закони на дневен ред на Законодавно-правната комисија

На дневен ред на Законодавно-правната комисија, како и на дневен ред на повеќе матични комисии се наоѓаат Предлог-законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп, Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Нацрт-просторниот план на Националниот парк Пелистер 2016 – 2030.

Законот за финансиска консолидација на Еурокомпозит пред пратениците

Предложени измени на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот

Измени на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството

Просторниот план на Националниот парк „Пелистер“ 2016-2030 во собраниска процедура

Во подготовка измени на Законот за виното

М.В