/ Прочитано:

906

Повеќе закони за комуналните дејности и транспортот ќе се усогласуваат со Законот за инспекциски надзор

Министерството за транспорт и врски најавува измени на повеќе закони од областа на комуналните дејности и од областа на урбанизмот и транспортот. Целта на законските измени е усогласување со Законот за инспекциски надзор, како и усогласување со Законот за прекршоците.

Измени ќе претрпат: Законот за комуналните дејности; Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води; Закон за автокампови; Законот за урбано зеленило и Законот за внатрешната пловидба.

Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води ги уредува условите и начинот за снабдување со вода за пиење, прекинување на снабдувањето  со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води во реципиентот преку водоснабдителниот и канализациониот систем, изградбата, одржувањето, заштитата и приклучувањето на водоснабдителни и канализациони системи, односите меѓу давателот и корисникот на услугата, како и надзор над спроведувањето на овој закон.

Со Законот за автокампови се уредуваат начинот и постапката за основање на автокамп, постапката за отуѓување на градежното земјиште наменето за автокамп, условите кои треба да ги исполнат корисниците на автокамповите, како и други прашања поврзани со автокамповите.

Со Законот за урбано зеленило се уредува планирањето, проектирањето, подигањето, одржувањето, заштитата и реконструкцијата на урбаното зеленилото, финансирањето и управувањето со него, како и надзорот над примената на одредбите на овој закон.

Законот за внатрешна пловидба ги уредува внатрешната пловидба и безбедноста на пловидбата на внатрешните води на територијата на Република Македонија; условите и начинот на користењето, одржувањето и заштитата на пловните патишта, пристаништата, зимовниците, сидриштата и капалиштата; државната припадност, идентификацијата, уписот и бришењето на пловните објекти; екипажот на пловните објекти; постапувањето во случај на пловидбена незгода; вадењето на потонати предмети; надлежноста на Капетанијата на пристаништата; надзорот и други прашања во врска со внатрешната пловидба.

Законот за инспекциски надзор ги уредува условите и начинот на издавање и одземање лиценца за инспектор, правата и должностите на инспекторите, основите за организација и работа на инспекциските служби, основните права и обврски на субјектите на инспекциски надзор, основањето, статусот и работата на Инспекцискиот совет, начинот и постапката на вршење инспекциски надзор, како и други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.

Со Законот за прекршоците, пак, се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.

Повеќе закони за урбанизмот ќе се усогласуваат со Законот за инспекциски надзор

Законот за занаетчиство ќе се усогласува со Законот за инспекциски надзор и со Законот за прекршоците

Во подготовка измени на Законот за Царинската управа

Усогласување на законите за едношалтерскиот систем и за трговските друштва со Законот за прекршоците

Повеќе закони од областа на животната средина ќе се усогласуваат со Законот за прекршоците

МВР подготвува измени на повеќе закони заради усогласување со новиот Закон за прекршоците во делот на глобите

Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите

Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

M.В