Повеќе закони за урбанизмот ќе се усогласуваат со Законот за инспекциски надзор
Министерството за транспорт и врски подготвува измени на повеќе закони со цел усогласување со Законот за инспекциски надзор. Покрај усогласувањето со законските одредби за инспекцискиот надзор, законите ќе се усогласуваат и со Законот за прекршоците.
Во подготовка се измените на Законот за градење, на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Законот за градење ја уредува материјата за градењето, основните барања на градбата, потребната проектна документација за добивање на одобрение за градење, правата и обврските на учесниците во изградбата, начинот на употреба и одржување на градбата, како и други прашања од значење за градењето.
Со Законот за просторно и урбанистичко планирање се уредуваат условите и системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите на планска документација и постапката за нејзино изработување и донесување, како и други прашања од областа на просторното и урбанистичкото планирање.
Со Законот за постапување со бесправно изградени објекти се уредуваат условите, начинот и постапката за евидентирање, утврдување на правен статус и санкционирање на бесправно изградените објекти.
Законот за инспекциски надзор ги уредува условите и начинот на издавање и одземање лиценца за инспектор, правата и должностите на инспекторите, основите за организација и работа на инспекциските служби, основните права и обврски на субјектите на инспекциски надзор, основањето, статусот и работата на Инспекцискиот совет, начинот и постапката на вршење инспекциски надзор, како и други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.
Со Законот за прекршоците, пак, се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.
Во подготовка измени на Законот за Царинската управа
Усогласување на законите за едношалтерскиот систем и за трговските друштва со Законот за прекршоците
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
M.В