/ Прочитано:

1.721

ПОВЕЛБА ЗА СОЛИДАРНОСТ: Работничките права се подлога на сите други граѓански права

Под мотото „Само сложни ќе бидеме можни“, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работничките, работниците и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија го испраќаат Првомајскиот проглас во кој повикуваат на масовен синдикален протестен марш за одбрана на синдикалната автономија и унапредување на работничките права.

В понеделник, истакнуваат од Повелбата за солидарност, ќе го дигнеме нашиот глас против секоја економска и политичка моќ која сака да го стивне гласот на организираното работништво.

Нема демократија, нагласуваат од Повелбата за солидарност, без социјална правда и економска рамноправност. Работничките права се подлога на сите други граѓански права, бидејќи 99% од луѓето ја обезбедуваат својата елементарна егзистенција преку својот труд.

„Затоа, работнички и работници, вие од погоните и канцелариите, од скелињата и полињата, од државниот и приватниот сектор, од центарот и периферијата на градовите, млади и стари, помалку или повеќе угнетени, чујте го повикот за борба за вашите права и благосостојба, оти народот за кој политичарите милуваат неодредено да говорат сме токму ние. Традицијата нè обврзува, но современата работничка стварност десеткратно повеќе нè притиска да излеземе на улиците на Меѓународниот ден на трудот. На 1 Мај огласуваме нова етапа во нашата синдикална борба, во која здружено мора да се фатиме во костец со угнетувањето кое ни иде од различни страни“, се вели во Прогласот.

М.В