/ Прочитано:

1.769

Повик на Фондацијата за демократија на Вестминстер за научно-истражувачки трудови за политичкото учество на жените во Македонија

Фондацијата за демократија на Вестминстер за потребите на проектот „Зголемено политичко учество на маргинализирани групи“ отвора јавен повик за подготовка на истражувачки трудови кои ќе придонесат за подобро разбирање на општествените, економските, политичките и културолошките влијанија за постигнување зголемено учество на жените во политиката.

Во рамките на повикот за истражувања е предвидено да бидат поддржани до шест истражувачки трудови. Истражувачките трудови треба да ја адресираат положбата и улогата на политичкото учество на жените во Македонија.

За да може да бидат избрани за изработка на истражувачки труд, заинтересираните автори треба да поднесат истражувачки предлог најдоцна до 4 февруари 2019 година. Вкупниот буџет за истражувањето, вклучувајќи хонорар и трошоци за спроведување на истражувањето, е 750 фунти (бруто).

Секој кандидат треба да достави пополнет формулар со научно-истражувачки предлог. Примените апликации  ќе  бидат прегледани од експертска комисија, која ќе избере кои од предлозите ќе бидат поддржани.

Трудовите ќе бидат објавени од Фондацијата за демократија на Вестминстер. Повеќе информации може да се најдат во целосниот текст на повикот.

Целосен текст на повикот (линк)

Формулар за аплицирање (линк)