/ Прочитано:

1.012

Повик за аплицирање за  наградата „Кристална вага на правдата“ на Советот на Европа

„Кристална вага на правдата“ е награда на Советот на Европа за иновативни практики за ефикасност и квалитет на правдата. Целта на наградата, која годинава се доделува по десетти пат, е да ги идентификува и да ги промовира иновативните практики кои се однесуваат на спроведувањето на постапките, судската организација и функционирањето на судскиот систем во целина.

За да бидат земени предвид, посочуваат од Министерството за правда, практиките кои ќе бидат номинирани мора да се речиси имплементирани и да бидат лесно применливи во други држави и правосудни системи. Исто така, нивната ефикасност мора да биде мерлива.

За наградата за 2019 година може  да се пријават судовите, адвокатските комори, невладините организации и други тела кои работат во областа на правосудството во државите членки на Советот на Европа или државите набљудувачи на ЦЕПЕЈ.

„Апликациите мора да ги задоволат потребните критериуми наведени во правилата за доделување на наградата и треба да бидат доставени до Советот на Европа (најсоодветно во електронска форма) најдоцна до 31 март 2019 година.

Правилата за доделување на наградата и формуларот за апликација се достапни на следниот линк:

https://www.coe.int/en/web/cepej/events/crystal-scales-of-justice-prize

Контакт: cepej@coe.int“, информираат од Министерството за правда.