/ Прочитано:

927

Повик за доставување на трудови за Годишниот зборник на Правниот факултет при УГД

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за деветтиот број на Годишниот зборник на Факултетот.  Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница, вклучувајќи студенти запишани на трет циклус студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик. Повеќе за повикот на следниот линк.