Повик за јавен увид за Нацрт на Закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање преку ЕНЕР ги известува засегнатите страни дека, заради одржување на јавна расправа, се става на јавен увид Нацрт-законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата.

Јавниот увид во Нацрт-закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата почнува од 22.09.2022, а ќе трае заклучно до 07.10.2022.

Јавната расправа за Нацрт-законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата ќе се одржи на 17.10.2022.

Според нацрт-законот, со прогласување на Споменик на природата Кањон Матка за заштитено подрачје се овозможува зачувување на природната состојба на локалитетот Кањон Матка преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.