Повик за јавен увид за Законот за контрола на индустриски емисии
Министерството за животна средина и просторно планирање преку ЕНЕР ги известува засегнатите страни дека, заради одржување на јавна расправа, се става на јавен увид Нацрт-законот за контрола на индустриски емисии.
Јавниот увид во Нацрт-законот за контрола на индустриски емисии почнува од 26.9.2022 и ќе трае до 11.10.2022 година, а јавната расправа ќе се одржи на 20.10.2022 година.
Со овој закон се уредуваат правата и должностите на Република Северна Македонија, на општините, на Градот Скопје и на општините во Градот Скопје, како и правата и должностите на правните и на физичките лица, во обезбедувањето услови кои се потребни за интегрирано спречување и контрола на загадувањето предизвикано од индустриски активности, како и во обезбедување услови за спречување, или доколку тоа не е возможно намалување на емисиите во воздух, вода и почва и спречување на генерирањето на отпад, со цел да се постигне високо ниво на заштита на животната средина како целина, заради остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина.