/ Прочитано:

1.632

Повик за пријавување на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители

Со цел да се дополни листата на можни предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители, се објавува јавен повик во согласност со измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

„Ги повикуваме сите заинтересирани кои не се на постојната листа на предавачи, а  ги исполнуваат објективните услови предвидени во Законот да се пријават по овој  јавен  повик“, известуваат од Академијата во повикот. Повикот може да се преземе на слендиот линк.

Во согласност со членот 44 став 1 од  Законот за Академија за судии и јавни обвинители предавачи на Академијата се домашни и странски судии и јавни обвинители, адвокати, нотари, медијатори, извршители, раководни административни службеници и универзитетски  професори, кои се ангажираат во програмите за почетна и програмите за континуирана обука на Академијата. Исто така  можат да бидат и лица кои имаат завршена обука за тренинг на предавачи организиран од Академијата.