/ Прочитано:

1.199

Повик за учество на Меѓународниот натпревар од областа на инвестициската арбитража во Франкфурт

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ги повикува сите заинтересирани студенти на трета година правни студии и на втор циклус студии да се пријават за учество на престижниот натпревар по инвестициона арбитража во Франкфурт.

Тимот на студенти ќе го претставува Правниот факултет на 12. натпревар, кој ќе се одржи помеѓу 4-8 март 2019 година во Франкфурт, Германија.

„Пријавувањето на студенти е до 15.10.2018 година, со испраќање на CV на е-пошта: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk. Искористете ја можноста да стекнете знаење од делот на инвестициската арбитража и да добиете стипендија за летната школа на Хашката академија за меѓународно право. Повеќе за натпреварот можете да видите на следниот линк: http://www.investmentmoot.org/“, информираат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Натпреварот по инвестициона арбитража во Франкфурт е најголем и најпрестижен натпревар за инвестициона арбитража и инвестиционо право во светот, на кој студентите се натпреваруваат во делот на арбитражно решавање на инвестициони спорови.

Преку овој натпревар се создава висококвалитетен кадар подготвен да се справува со сложената проблематика на заштитата на странските директни инвестиции и студентите се поттикнуваат за развој на својата кариера во престижни адвокатски канцеларии во светот.

M.В