Повисока наплата на даноците во однос на минатата година

Управата за јавни приходи реализирала наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите.

Поединечно, кај данокот на додадена вредност се бележи поголема наплата за 29,49 %, наплатата кај данокот на личен доход е повисока за 12,55%, додека пониска наплата за 1,32 %, се регистрира само кај данокот на добивка.

Ваквите податоци беа презентирани на средбата на директорката на УЈП, Сања Лукаревска, со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

М.В