Повлекување на законот и препорака за мораториум на градежните активности во Охридскиот Регион
„Владата ја усвои информацијата за учество на делегацијата на Република Северна Македонија на 43. состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан и уште еднаш ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на Охридскиот Регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО. Во таа насока, Владата донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион и им препорачува на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство“, информираат од Владата.
Регистар на нелегални градби во Охрид: Над илјада предмети со констатирани законски прекршувања
Усвоена информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО
Времено се прекинуваат постапките за издавање одобренија за градење во Охрид
Се подготвува нов Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион
М.В