/ Прочитано:

852

Повторно одложено судењето против гостиварскиот полицаец Јаќим Трифуновски

Среда, 19 септември 2012 – Судскиот процес против полицаецот Јаќим Трифуновски обвинет за двојно убиство е повторно одложен. Образложението исто како и минатиот пат, полицијата проценила дека има безбедносен ризик Трифуновски да биде донесен од од прилепскиот затвор каде е во притвор, во судот во Гостивар. 

Бранителот на Трифуновски побара на неговиот клиент да не му се суди во судот во Гостивар, туку во некој друг суд. Убиството се случи на 28 февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела неговите сограѓани  Бесник Шехапи и Имран Мехмеди. Обвинет е за две дела, убиство со умисла и предизвикување општа опасност за кои е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор.